Новости

Ноември 2018

Учество на Научната конференција „Загадување на градовите во Република Македонија, кои се решенијата?„

повеќе


Октомври 2018

Технолаб учествуваше на Меѓународна конференција „Енергетика 2018„ во организација на ЗЕМАК

повеќе


Септември 2018

Учество на Технолаб на Конгресот на хемичари и технолози

повеќе


Архива на новости

новости


Мај 2012

Технолаб на покана на ИАРМ присуствуваше на свечената прес конференција по повод потпишувањето на договорот помеѓу ИАРМ и Европската организација за акредитација

ИАРМ на свечена прес конференција во хотелот Холидеј Ин го промовираше потпишувањето на Договорот за взаемно признавање на резултатите од акредитациите со Европската организација за акредитација (ЕА). Kомитетот за мултилатерални договори на ЕА, (Копенхаген, 18-19 април 2012г.) донесе одлука ИАРМ да стане потписник на Договорот за взаемно признавање на акредитациите со Европската организација за акредитација (ЕА).

 

На овој настан присуствуваше и Технолаб како прва акредитирана лабораторија во Р.Македонија за мерења во животната средина. Со потпишувањето на овој Договор се овозможува доделените сертификати за акредитација од ИАРМ (лаборатории за тестирање, лаборатории за калибрација, инспекција и сертификација на производи) да се признаваат насекаде во Европа и пошироко. Воедно, потпишувањето на овој Договор претставува значајно унапредување во евроинтегративните процеси на Република Македонија.

Архива на новости