Новости

Февруари 2017

Промоција на лабораторијата на Технолаб како прва и единствена лабораторија во Македонија која е акредитирана согласно ISO17025 и CEN 15675

повеќе


Декември 2016

Редовен надзор и реакредитација на лабораторијата на Технолаб согласно ISO 17025 и проширување на опсегот со методи согласно техничката спецификација CEN 15675

повеќе


Декември 2016

Презентација на Катастар за животната средина на територијата на Општина Велес

повеќе


Архива на новости

новости


Ноември 2015

Обука за стручни лица за БЗР на тема „Мерки за намалување на опасности и штетности на вработени изложени на хемиски влијанија„

Врз основа на овластувањето од Министерството за труд и социјална политика, а согласно Програмата за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручните лица за БЗР, ТЕХНОЛАБ организираше обука за стручните лица за БЗР на тема „Мерки за намалување на опасности и штетности на вработени изложени на хемиски влијанија„ . Обуката се одржа во Скопје на 21.11.2015 година во салата Конти Клуб во х.Континетал.

Предавачи на обуката беа г-ѓа Слаѓана Андоновска, раководител на секторот за безбедност и   здравје при работа при Државниот инспекторат за труд; М-р Магдалена Трајковска Трпевска, магистар по хемиски науки; Елена Трпчевска, дипломиран инжинер технолог и Дејан Митревски, дипломиран инжинер по заштита при работа. Учесници на обуката беа стручни лица за БЗР од повеќе компании од Р. Македонија и тоа од делот на металургија, енергетика, градежништво, производство на градежни материјали и други.

Концептот на интерактивно учество на слушателите во текот на обуката овозможи квалитетно обработување и излагање на дадената тема која поради својата актуелност предизвика големо внимание. Слушателите и предавачите на обуката се стекнаа со потврди со бодови за пасивно односно активно учество на обуката согласно  Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување.









Архива на новости