Новости

Јуни 2018

На иновативниот проект на Технолаб му е доделен грант од Фондот за иновации и технолошки развој во рамките за Првиот повик за финансирање на проекти во рамките на Столб 3 од Планот за економски раст на Влада на Република Македонија

повеќе


Јуни 2018

Тимот на Технолаб учествуваше на петдневен тренинг за одржливо управување со контаминирани локации во рамките на проектот на УНИДО за „Отстранување на техничките и економските бариери за иницирање на активности за деконтаминирање на локацијата на ОХИС“

повеќе


Март 2018

Генералниот менаџер на ТЕХНОЛАБ М-р Магдалена Трајковска Трпевска е избрана за една од 10-те Топ Жени Менаџерки во Македонија за 2017 година

повеќе


Архива на новости

новости


Февруари 2016

Обука за стручно усовршување на стручните лица за БЗР на тема: “Присутни ризици на работните места изложени на нејонизирачко зрачење„

Согласно Годишната програма за 2016 година за спроведување на обуки за стручните лица за БЗР, на 18 февруари 2016, Технолаб организираше обука за стручните лица за БЗР на тема “Присутни ризици на работните места изложени на нејонизирачко зрачење„. Предавачи на обуката беа Слаѓана Андоновска раководител на секторот за БЗР при Државниот инспекторат за труд, Бранко Степановски, магистер по медицинска физика-лабораторија за физички испитувања при Воено медицинскиот центар Скопје и Проф.д-р Јордан Минов, доктор специјалист по медицина на труд од Институтот за медицина на труд на РМ. Учесници на обуката, освен стручните лица за БЗР беа и инспекторите од Државниот инспекторат за труд од сите градови во Македонија. 

Воведен збор на обуката имаше М-р Магдалена Трајковска Трпевска, стручно лице за БЗР и управител на Технолаб, која во своето обраќање им посака успешна обука на сите учесници. Учесниците на обуката беа поздравени и од страна на директорот на Државниот инспектрат за труд на Република Македонија, Аљадин Хавзиу кој ја истакна важноста на ваквите обуки во насока на континуирана едукација како на стручните лица така и на инспекторатот во насока на унапредување на безбедноста при работа.

Стручните лица за БЗР учесници на оваа обука се здобија со соодветни потврди со бодови согласно Правилникот за начинот на бодување на пасивно и активно учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за БЗР

Архива на новости