Новости

Октомври 2017

Прва работилница “ Сите дишеме (Ч)ист воздух“

повеќе


Јуни 2017

Учество на Технолаб на Бизнис самитот во Трст, Италија

повеќе


Јуни 2017

Обука за стручни лица за БЗР на тема: „ Превентивни мерки за спречување на повреди при работа „

повеќе


Архива на новости

новости


Декември 2016

Презентација на документот “Интегриран катастар на загадувачи на животната средина на Град Скопје“ во рамките на работилницата на тема: Подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје

Технолаб како изработувач на документот “Интегриран катастар на загадувачи на животната средина на Град Скопје“, на покана на Секторот за заштита на животната средина и природата на Град Скопје, на 16.12.2016 година во Големата сала на Советот на Град Скопје, го презентираше изработениот документ. Документот беше презентиран од страна на водителот на тимот на Технолаб, м-р Магдалена Трајковска Трпевска. Презентацијата беше организирана во рамките на Работилницата на тема: Подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје. Работилницата беше отворена со обраќање на Градоначалникот на Град Скопје.
На работилницата учествуваа и претставници од Советот на Градот, претставници од поголемите компании на територијата на Скопје како и претставници на медиумите. Во текот на презентацијата беа презентирани податоците од базата на Интегрираниот катастар на загадувачи на градот Скопје, како и сумираните податоци во однос на изворите на емисија на загадувачки супстанции на територијата на градот. Исто така, беа презентирани и резултатите од спроведените индикативни мерења на квалитетот на амбиентниот воздух во Скопје, кои ги изврши Технолаб како дел од изработката на Планот за подобрување на квалитетотот на амбиентниот воздух на подрачјето на агломерацијата на Скопски плански регион, кој беше изработен од Технолаб на барање на Центарот за развој на Скопскиот плански регион.
 

Архива на новости