Новости

Октомври 2017

Прва работилница “ Сите дишеме (Ч)ист воздух“

повеќе


Јуни 2017

Учество на Технолаб на Бизнис самитот во Трст, Италија

повеќе


Јуни 2017

Обука за стручни лица за БЗР на тема: „ Превентивни мерки за спречување на повреди при работа „

повеќе


Архива на новости

новости


Февруари 2017

Промоција на лабораторијата на Технолаб како прва и единствена лабораторија во Македонија која е акредитирана согласно ISO17025 и CEN 15675

На 15 февруари 2017 година во хотел Континентал, Технолаб организираше промоција на воведувањето на 15 нови методи за испитување на емисии од стационарни извори согласно техничката спецификација CEN 15675. Со новиот сертификат за акредитација издаден од страна на ИАРМ, лабораторијата на Технолаб стана првата и засега единствена лабораторија во Македонија акредитирана согласно ISO 17025 истовремено исполнувајќи го условите дадени во техничката спецификација CEN 15675. Во текот на промоцијата воведените новини во лабораторијата ги презентираше директорката на Технолаб М-р Магдалена Трајковска Трпевска која ја истакна важноста на новите методи согласно CEN 15675 во насока на обезбедување на квалитетни мерења на емисии од стационарни извори како прв чекор за правилно управување со квалитетот на воздухот.
На промоцијата беа присутни претставници од ИАРМ, претставници од индустриските инсталации, претставници од МЖСПП и државниот инспекторат за животна средина, претставници на единиците на локалната самоуправа од РМ, од граѓанските здруженија, претставници на амбасадата на САД, претставници на делегацијата на ЕУ во РМ и претставници на медиумите.
Организирањето на оваа промоција беше наш придонес кон заложбите за иницирање на тимски пристап за решавање на  проблемот на квалитетот на воздухот во кој свој придонес имаат сите поединци, компании и надлежни институции.

Архива на новости