Новости

Јуни 2018

На иновативниот проект на Технолаб му е доделен грант од Фондот за иновации и технолошки развој во рамките за Првиот повик за финансирање на проекти во рамките на Столб 3 од Планот за економски раст на Влада на Република Македонија

повеќе


Јуни 2018

Тимот на Технолаб учествуваше на петдневен тренинг за одржливо управување со контаминирани локации во рамките на проектот на УНИДО за „Отстранување на техничките и економските бариери за иницирање на активности за деконтаминирање на локацијата на ОХИС“

повеќе


Март 2018

Генералниот менаџер на ТЕХНОЛАБ М-р Магдалена Трајковска Трпевска е избрана за една од 10-те Топ Жени Менаџерки во Македонија за 2017 година

повеќе


Архива на новости

новости


Јуни 2017

Учество на Технолаб на Бизнис самитот во Трст, Италија

Како дел од Бизнис делегацијата на Република Македонија ТЕХНОЛАБ учествуваше на четвртиот Самит за Западен Балкан 2017 кој се одржа на 12 јули во Трст, Италија во организација на Италјанската агенција за трговија ITA. На овој самит со свои делегации учествуваа Македонија, Србија,  Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и Црна Гора. Во текот на самитот на компаниите им беше овозможено да ги промовираат своите дејности со цел согледување на можностите за заедничко настапување на проекти како и запознавање со поважните проекти и финансиски инструменти во регионот промовирани од страна на ЕУ и меѓународните финансиски институции.

Во текот на Самитот директорката на Технолаб, М-р Магдалена Трајковска Трпевска,  оствари контакти со повеќе компании од Република италија кои покажаа голем интерес за соработка на полето на заштитата на животната средина.

 

Архива на новости