Новости

Јуни 2018

На иновативниот проект на Технолаб му е доделен грант од Фондот за иновации и технолошки развој во рамките за Првиот повик за финансирање на проекти во рамките на Столб 3 од Планот за економски раст на Влада на Република Македонија

повеќе


Јуни 2018

Тимот на Технолаб учествуваше на петдневен тренинг за одржливо управување со контаминирани локации во рамките на проектот на УНИДО за „Отстранување на техничките и економските бариери за иницирање на активности за деконтаминирање на локацијата на ОХИС“

повеќе


Март 2018

Генералниот менаџер на ТЕХНОЛАБ М-р Магдалена Трајковска Трпевска е избрана за една од 10-те Топ Жени Менаџерки во Македонија за 2017 година

повеќе


Архива на новости

новости


Декември 2017

„Одржување на безбедноста при работа на работни места во рудници за експлоатација на суровини Искуства од Бучим, Радовиш “

Обука за стручно оспособување на стручните лица за БЗР на тема:

„Одржување на безбедноста при работа на работни места во рудници за експлоатација на суровини Искуства од Бучим, Радовиш “

 

На 1-ви декември 2017 Технолаб организираше обука за стручните лица за БЗР на тема: „Одржување на безбедноста при работа на работни места во рудници за експлоатација на суровини Искуства од Бучим, Радовиш“. Обуката се одружа во рудникот Бучим во присуство на повеќе од 60 стручни лица за БЗР од повеќе компании во Македонија. Во текот на обуката беа презентирани искуствата од Бучим од одржувањето на безбедноста при работа на работните места со особен акцент на работните места во погонот за лужење. Во рамките на обуката учесниците организирано го посетија погонот за лужење во состав на рудникот Бучим при што имаа можност да согледаат како безбедноста при работа функционира на терен. Од страна на учесниците обуката беше оценета како исклучително успешна. Сите стручни лица за БЗР учесници на обуката се здобија со потврди со бодови согласно Правилникот за начинот на бодување на стручното усовршување на стручните лица за БЗР.

Архива на новости