Новости
Ноември 2018
Учество на Научната конференција „Загадување на градовите во Република Македонија, кои се решенијата?„
Октомври 2018
Технолаб учествуваше на Меѓународна конференција „Енергетика 2018„ во организација на ЗЕМАК
Септември 2018
Учество на Технолаб на Конгресот на хемичари и технолози
новости
Генералниот менаџер на ТЕХНОЛАБ М-р Магдалена Трајковска Трпевска е избрана за една од 10-те Топ Жени Менаџерки во Македонија за 2017 година
Во рамките на манифестацијата „Избор на 10 Топ жени менаџерки за 2017„ во организација на агенцијата „Марили“, директорката на Технолаб, М-р Магдалена Трајковска Трпевска беше избрана како една од 10 најуспешни жени менаџери за 2017. Свеченото доделување на признанијата се одржа во хотел Холидеј Ин на 29.03.2018 година. На овој настан покрај 10-те најуспешни менаџерки за 2017 година присуствуваа и Министерката за труд и социјална политика - Мила Царовска, Министерот за здравство Д-р. Венко Филипче, претставници од дипломатските претставништва и многу други подржувачи на манифестацијата.
На доделувањето на признанието за најуспешна жена менаџер за 2017 на М-р Магдалена Трајковска Трпевска му претходеше презентирање на видео материјал за Технолаб кој беше специјално направен за оваа прилика.
Успешноста на Технолаб како компанија уште еднаш е потврдена, овој пат преку признанието за најуспешен менаџер на М-р Магдалена Трајковска Трпевска.