Новости

Ноември 2018

Учество на Научната конференција „Загадување на градовите во Република Македонија, кои се решенијата?„

повеќе


Октомври 2018

Технолаб учествуваше на Меѓународна конференција „Енергетика 2018„ во организација на ЗЕМАК

повеќе


Септември 2018

Учество на Технолаб на Конгресот на хемичари и технолози

повеќе


Архива на новости

новости


Ноември 2018

Учество на Научната конференција „Загадување на градовите во Република Македонија, кои се решенијата?„

Со цел на сублимирање на сознанијата за квалитетот на животната средина во градовите во Република Македонија, а во насока на предлагање и дефинирање на мерки за подобрување на состојбите, Македонската академија на науките и уметностите од 1-ви до 2-ри Ноември 2018 организираше научна конференција на тема „Загадување на градовите во Република Македонија, кои се решенијата?„. На оваа конференција земаа учество академици од МАНУ, претставници од МЖСПП, претствници од високо образовните институции и докажани експерти во областа на заштитата на животната средина. Како долгогодишен експерт во областа на заштитата на животната средина со особена специјалност за медиумот воздух, на покана на организаторот на конференцијата учествуваше М-р Магдалена Трајковска Трпевска со свое предавање на тема “Влијанието на домашните ложишта врз квалитетот на воздухот“. Во рамките на своето предавање, М-р Магдалена Трајковска Трпевска ги презентираше резултатите од најновите испитувања на квалитетот на воздухот во Градот Скопје кои ги спроведе лабораторијата на Технолаб, кои укажуваат на главните причинители за нарушениот квалитет на водухот во Скопје како и предлог мерки за подобрување на состојбите со квалитетот на воздухот.

Архива на новости