Новости

Ноември 2018

Учество на Научната конференција „Загадување на градовите во Република Македонија, кои се решенијата?„

повеќе


Октомври 2018

Технолаб учествуваше на Меѓународна конференција „Енергетика 2018„ во организација на ЗЕМАК

повеќе


Септември 2018

Учество на Технолаб на Конгресот на хемичари и технолози

повеќе


Архива на новости

новости


Јуни 2011

Презентација на документот “Изјава за безбедност при работа со проценка на ризик на работните места во Фени Индустри, Кавадарци“

На 14.06.2011 г. во просториите на Фени Индустри, Кавадарци тимот на Технолаб предводен од директорката М-р Магдалена Трајковска Трпевска го презентираше документот “Изјава за безбедност при работа со проценка на ризик на работните места во Фени Индустри, Кавадарци“. Презентацијата беше организирана во рамките на кампањата “Денови на заштита и безбедност при работа во Фени индустри” организирана од Раковидството и Службата за безбезедност на Фени индустри со цел  запознавање на одговорните и вработените во Фени Индустри, Кавадарци со значењето на подготовката на овој документ и мерките за намалување и отстранување на опасностите и штетноститекои беа евидентирани на работните места во Фени Индустри, Кавадарци. Пред околу 70 присутни-вработени од страна на М-р Магдалена Трајковска Трпевска  беа презентирани “Основните начела на БЗР во Фени Индустри преку Изјавата за безбедност при работа”, а Елена Трпчевска ги презентираше нивоата на ризик на работните места во оделните работни единици на Фени Индустри. На крајот, Дејан Митревски се осврна на мерките што треба да бидат превземени за намалување/елиминирање на ризиците согласно изјавата за безбедност.


Архива на новости