Новости

Октомври 2017

Прва работилница “ Сите дишеме (Ч)ист воздух“

повеќе


Јуни 2017

Учество на Технолаб на Бизнис самитот во Трст, Италија

повеќе


Јуни 2017

Обука за стручни лица за БЗР на тема: „ Превентивни мерки за спречување на повреди при работа „

повеќе


Архива на новости

За нас


ТЕХНОЛАБ е формиран 2000 година како посебен деловен субјект со цел давање на квалитетни услуги во областа на заштита на животната средина и заштитата и безбедност при работа. 

Идејата за основање на самостојна фирма произлезе од М-р Магдалена Трајковска Трпевска, оснивач и генерален менаџер на ТЕХНОЛАБ кој,  согледувајќи ја важноста на заштитата на животната и работната средина, а со своето  повеќегодишното искуство како специјализиран хемиски инженер, личност одговорна за формирање и акредитацијата на  лабораторијата за еколошки испитувања и мониторинг на животната и работната средина согласно ИСО 17025,  експерт за оценка на влијанијата врз  животната средина и стручно лице за заштита и безбедност при работа, решава да зачекори по сопствен пат.

Повеќе за основачот на Технолаб може да видите тука
[ CV - М-р Магдалена Трајковска Трпевска ]

Индустриските стопански субјекти многу бргу ја препознаа деловноста, стручноста и ефикасноста на соработниците кои се придружија на основачот и за кратко време Технолаб е присутен во голем број деловни субјекти од индустријата, енергетиката и стопанството во Р. Македонија.

Веруваме дека имињата на нашите клиенти и нивната доверба во нас доволно зборува за нашата посветеност во решавањето на сложени задачи поврзани со животната средина и заштитата при работа.


Со повеќе од 10 години работно искуство во областа и стотици успешни проекти зад нас, имаме изградено силна база на знаење која ни овозможува да се справиме со најспецифичните барања и да дадеме решение за најкомплексните задачи.

Високото ниво на знаење комбинирано со искуството во областа во која бевме пионери а денес сме водачи, го гарантираат нашиот но и успехот на нашите клиенти.

Кон нашата работа од самиот почеток, исто како и денес, и пристапуваме со уживање и ентузијазам, и благодарение на добрата организација им го даваме на нашите клиенти тоа што им го ветуваме. Дури и повеќе од тоа...

Затоа, нашата пионерска улога во оваа област кај нас е само обврска повеќе постојано да се надградуваме и да бидеме во чекор со светските достигнувања во оваа област, што ја потврдува нашата соработка на проекти со врвните Европски лаборатории и агенции.

Нашата постојана координација, комуникација, ангажман и соработка со Државните институции на Република Македонија ни даваат за право да веруваме дека Македонија може и заслужува да биде место каде што се живее и работи во чисто и здраво опкружување!

Не чекајте законските санкции да бидат Вашиот мотив и совест, реагирајте на време да допринесеме заедно за почиста, поздрава и поубава средина.


Обратете се, ние сме тука за Вас, оние околу Вас и оние по нас.

Секое Ваше барање е наш предизвик. Спремни сме, по снимање на состојбите во најкратко време да одговориме на Вашиот повик.

Ваш ТЕХНОЛАБ