Постапката за стратегиска оцена на влијание врз животната средина (СОЖС) е пропишана со Законот за животна средина и истата задолжително се спроведува за плански документи ( стратегии, планови и програми) кои се подготвуваат во областа на енергетиката, индустријата, рударството, транспортот, регионалниот развој, телекомуникациите, управувањето со отпадот, управувањето со водите, туризмот, просторното и урбанистичкото планирање и користењето на земјиштето, земјоделството, шумарството, рибарството со кои се создава основа за изведување на проекти за кои се врши оцена на влијанието врз животната средина или на сите плански документи со кои се уредува управувањето со заштитените подрачја.
Тимот на Технолаб кој изработува Извештаи за стратегиска оцена на животната средина (СОЖС) вклучува двајца експерти кои се на листата на експерти за СОЖС на Министерството за животна средина и просторно планирање.