Компанијата ТЕХНОЛАБ е формирана во 2000 година како посебен деловен субјект со цел обезбедување компетентни услуги во областа на заштита на животната средина и заштитата и безбедност при работа.
М-р Магдалена Трајковска Трпевска, магистер по хемиски науки е основач на Технолаб и нејзин генерален менаџер од основањето па се до денес. Технолаб е резултат на идејата за формирање на компанија која на македонскиот пазар ќе понуди квалитетни и компетентни услуги во областите на заштита на животната средина и заштита при работа.
Во 2020 година Технолаб го одбележа својот 20 годишен јубилеј на успешна работа и континуиран раст и развој.
Од самите почетоци во 2000 година па до денес, развојната стратегија на Технолаб ги следи потребите и барањата на клиентите инкорпорирани во визијата Технолаб да биде компанија која ќе нуди услуги со највисок квалитет согласно меѓународните стандарди. Преку перципирање на потребите на пазарот континуирано работиме на квантитативно и квалитативно унапредување на нашите услуги особено во делот на лабораторијата за испитување во животна и работна средина.
Со повеќе од 20 години работно искуство во областа и стотици успешни проекти зад нас, имаме изградено силна база на знаење која ни овозможува да се справиме со најспецифичните барања и да дадеме решение за најкомплексните задачи.
Високото ниво на знаење комбинирано со искуството во областа во која бевме пионери а денес сме водачи, го гарантираат нашиот но и успехот на нашите клиенти.
На нашата работа од самиот почеток, исто како и денес, и пристапуваме со професионализам и ентузијазам, прифаќајќи ги предизвиците кои се пред нас.
Нашата првично пионерска, а подоцна и лидерска улога во областа на животната средина и заштитата при работа е дополнителен мотив постојано да се надградуваме вложувајќи во развојот на ресурсите.
При одбележувањето на 20 години Технолаб, особено сме горди на нашата нашата лабораторија за испитување во животна и работна средина која во 2008 година беше Првата лабораторија во Македонија акредитирана согласно ISO 17025, а денес е лабораторија со најголем опсег на акредитирани методи за тестирање во животна и работна средина за испитување на медиумите на животната средина и испитување на работната околина и е единствена лабораторија во Македонија која врши акредитирани испитувања во делот на карактеризација и категоризација на отпад.
Нашата посветеност за континуиран раст и равој не запира, спремни сме за остварување на нови успеси и решавање на предизиците кои ни претстојат.
Ваш ТЕХНОЛАБ