Испитување на тешки метали

Испитувањето на тешки метали во лабораториајта на Технолаб се изведува со емисиона спектрометрија со индуктивно спрегната плазма (ICP-OES). Оваа метода во лабораторијата на Технолаб е акредитирана и за флексибилен опсег и користејќи ја оваа метода се вршат испитувања на тешки метали во примероци од подземни и површински води; отпадни води; води за пиење; почва и цврст отпад; растителен и животински материјал; минерални, геолошки и металуршки примероци; примероци од воздух; предмети за општа употреба и индустриски хемикалии.