Изработка на апликации за добивање на А или Б интегрирана еколошка дозвола

Технолаб нуди услуга за подготовка на Апликација за добивање на А или Б интегрирана еколошка дозвола.

Инсталациите кои со својата дејност влијаат врз животната средина согласно Законот за животна средина треба да поседуваат А или Б интегрирана дозвола која ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање и со која се пропишуваат условите кои истата треба да ги исполнува при својата работа.

Во овој сегмент, Технолаб нуди услуги и за вршење на комплетен мониторинг на животната средина кој согласно издадените А или Б интегрирани дозволи се пропишува како обврска на инсталациите.