Изработка на елаборати за заштита на животната средина

Согласно Законот за животна средина, Елаборат за заштита на животната средина се изработува со цел да се оцени влијанието врз животната средина на оние дејности или активности за кои не се спроведува постапка за ОВЖС.

Дејностите и активностите за кои задолжително се изработува елаборат за заштита на животна средина и соодветните надлежни органи за нивно одобрување се пропишани со Уредби согласно Законот за животна средина.

Искуството на Технолаб во изработка на Елаборати за заштита на животна средина се базира на големиот број изработени елаборати за активности и дејности од различни области.

Во Технолаб, Елаборатите за животна средина се изработуваат согласно важечките законски и подзаконски акти со кои е пропишана формата и содржината на елаборатот. Исто така, во рамките на изработката на елаборатот за животна средина Технолаб ги вклучува и сите потребни мерења и испитувања на животната средина кои согласно важечката регулатива се вршат од страна на акредитирана лабораторија.