Лабораторијата на Технолаб е прва и единствена лабораторија во Македонија акредитирана за карактеризација и категоризација на отпад.
Во опсегот на акредитирани методи за испитување на отпад вклучени се 17 методи за испитување на цврст отпад и исцедок од отпад тоа:
- земање на примероци од отпадни материјали,
- исцедување на гранулирани отпадни материјали и талози,
- определување на елементи со ISP-OES,
- определување на сув остаток или содржина на вода,
- определување на pH од исцедок при карактеризација на отпад и мил,
- определување на електролитска спроводливост,
- определување на нитрити, сулфати, сулфиди, хлориди, амониум јони и флуориди,
- определување на фенолен индекс,
- определување на вкупен оргнски јаглерод,
- определување на вкупно растворени цврсти материи и
- определување на температура на палење.