Категоризација и карактеризација на отпад

Лабораторијата на Технолаб е прва и единствена лабораторија во Македонија акредитирана за карактеризација и категоризација на отпад.

Во опсегот на акредитирани методи за испитување на отпад вклучени се 17 методи за испитување на цврст отпад и исцедок од отпад тоа:

  • земање на примероци од отпадни материјали,
  • исцедување на гранулирани отпадни материјали и талози,
  • определување на елементи со ISP-OES,
  • определување на сув остаток или содржина на вода,
  • определување на pH од исцедок при карактеризација на отпад и мил,
  • определување на електролитска спроводливост,
  • определување на нитрити, сулфати, сулфиди, хлориди, амониум јони и флуориди,
  • определување на фенолен индекс,
  • определување на вкупен оргнски јаглерод,
  • определување на вкупно растворени цврсти материи и
  • определување на температура на палење.