Мониторинг на медиумите и областите на животната средина

Согласно националната регулатива, инсталациите кои со својата дејност влијаат врз животната средина треба редовно да вршат мониторинг на медиумите и областите на животната средина согласно условите пропишани во издадените еколошки дозволи или во елаборатите за заштита на животна средина.

Лабораторија за еколошки испитувања во состав на Технолаб поседува стручен и технички капцитет за спроведување на целосен мониторинг на медиумите и областите на животната средина со акредитирани методи согласно барањата на националната регулатива.