Мониторинг на медиумите на животната средина (воздух, вода, почва, отпад)

Лабораторијата на Технолаб поседува технички и персонални капацитети за спроведување на целосен мониторинг на животната средина што вклучува планирање и спроведување на теренски активности за мострирање и on-site испитувања на примероци од животната средина (воздух, вода, почва, отпад), транспорт на примероците во лабораторија, предтретман, подготовка и хемиска анализа на земените примероци.

Ваквиот интегриран пристап во организацијата на лабораториските активности во Технолаб произлегува од посветеноста на Технолаб да одговори на најсложените барања на своите клиенти и да обезбеди комплетна поддршка на секторот за консалтинг во животна средина во делот на спроведување на целосен мониторинг на животната средина при изработка на Студии за ОВЖС, Елаборати за животна средина и останати проекти за заштита на животната средина.