Тимот на Технолаб го предводи М-р Магдалена Трајковска Трпевска, магистер по хемиски науки, основач и генерален менаџер.
Составот на тимот на Технолаб е мултидисциплинарен и вклучува магистри по хемиски науки, инжинери технолози, инжинери за заштита на животна средина, инжинери за безбедност при работа, машински инжинери, инжинер по информатика, економист, градежен техничар, електро техничар и многу други надворешни соработници.
Специфичноста и интердисциплинарниот концепт на областите животна средина и безбедност при работа се водечки предизвик за корпоративниот развој но и за личниот развој на секој од членовите на тимот на Технолаб.