Согласно Законот за безбедност и заштита при работа вработените во компанијата избираат свој претставник за безбедност при работа со права и надлежности кои се уредени со Законот за БЗР. Секторот за БЗР во Технолаб спроведува обуки кои имаат за цел едукација на избраните претставници за БЗР за нивните права и обврски согласно Законот за БЗР и начинот на кој тие треба да бидат вклучени во системот за обезбедување на безбедност на вработените на нивните работни места.