Проценка на ризик на работните места и изјава за безбедност
Проценката на ризик на работно место се изработува согласно Законот за безбедност при работа.
Согласно Овластувањето од МТСП, Технолаб е овластена компанија за вршење на Проценка на ризик на работните места и изготвување на концепт на Изјава за безбедност на работното место согласно направената проценка на ризик.
Секторот за БЗР во Технолаб има долгогодишно искуство во изработка на Проценка на ризик на работни места и изјава за безбедност за различни дејности како енергетика, металургија, рударство, прехрамбена и преработувачка индустрија, телекомуникации, администрација и др.