Мониторинг на емисии на загадувачки супстанции во воздух

Емисиите на загадувачки супстанции во воздух се една од причините за нарушениот квалитет на воздухот.

Тимот на теренската лабораторија на Технолаб има долгогодишното искуство и стекната стручност за вршење на мерења на емисии на загадувачки супстанции во воздух.

Лабораторијата на Технолаб е акредитирана лабораторија за мерење на емисии на загадувачки супстанции во воздух согласно MKC ISO/IEC 17025:2018 која ги исполнува барањата на техничката спецификација CEN 15675 за мерење на емисии од стационарни извори.

Лабораторијата на Технолаб во делот на мерење на емисии во воздух ги нуди следните услуги:

  • мерење на брзина на гасови во канали
  • мерење на температура и процент на влага во канали
  • мерење на концентрација на цврсти честички (прашина) и гасови (O2, CO, CO2, NOx, SO2) од стационарни извори
  • мерење на концентрација на тешки метали во емисија од стационарни извори
  • мерење на концентрација на жива во емисија од стационарни извори
  • мерење на чаден број
  • мерење на хлориди во емисија
  • мерење на флуориди во емисија
  • и др.