Проект поддржан од Фонд за иновации: Развој на нови методи за испитување на животната средина

Во периодот од октомври 2018 до декември 2019, Технолаб го реализираше проектот „Развој на нови методи за испитување на животната средина“, финансиски поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој.

Со реализацијата на овој проект, лабораторијата на Технолаб беше модернизирана со нови инструменти и опрема, неопходни за воведување на нови методи за испитување на медиумите на животната средина, пред сѐ, методи за анализа на тешки метали во примероци од медиумите на животната средина (воздух, вода, почва, отпад).

Воведените нови методи во рамките на овој проект се дел од акредитираниот опсег на лабораторијата на Технолаб, кој вклучува вкупно 82 методи за испитување на медиумите и областите на животната средина.