ТЕХНОЛАБ – Екологија, безбедност, заштита, мониторинг

  •  

    ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

    Проекти за заштита на животната средина

    Мониторинг на медиумите и областите на животната средина

    Стручен тим со долгогодишно искуство во областа

Заштита на животната средина

Проекти за заштита на животната средина

Студии за оценка на влијание врз животната средина, Стратегиски оцени на животната средина, Елаборати за заштита на животна средина, Апликации за А и Б еколошки дозволи, Интегрирани катастри на загадувачи на животната средина, Програми и планови за управување со отпад, Стручни проекти за заштита на животната средина и др.

Мониторинг на медиумите и областите на животната средина

Мониторинг на квалитет на амбиентен воздух, Мерење на емисии на загадувачки супстанции, Мониторинг на ниво на бучава во животна средина, Испитување на квалитет на површински и отпадни води, Мониторинг на квалитет на почва и карактеризација и категоризација на отпад

Стручен тим со долгогодишно искуство во областа на заштита на животната средина

Стручен тим со долгогодишно високо професионално искуство и докажана компетентност за реализација на мултидимензионални проекти во областа на заштита на животната средина

Безбедност и заштита при работа

Стручни работи за безбедност при работа согласно Овластување од МТСП

Технолаб е меѓу првите компании во Р. Македонија која доби Овластување од Министерството за труд и социјална политика за вршење на стручни работи од областа на безбедност и заштита при работа.

Консалтинг за БЗР

Изработка на стручна документација за БЗР согласно Законот за Безбедност и здравје при работа.

Тим од стручни лица за БЗР со долгогодишно искуство

Тимот кој работи во состав на секторот за безбедност и заштита при работа е составен од инженери со положен стручен испит за БЗР.

Лабораторија за испитување на животната и работната средина

Акредитирана лабораторија за тестирање согласно MKC ISO/IEC 17025:2018

Лабораторијата за тестирање во состав на Технолаб е акредитирана за вршење на теренски и лабораториски тестирања на медиумите и областите на животна средина и испитувања во работна средина.

Испитувања и анализи на примероци од воздух, вода, почва и отпад

Во лабораторијата на ТЕХНОЛАБ се вршат испитувања на медиумите и областите на животната средина преку анализа на примероци од воздух, вода, почва и отпад.

Лабораторијата на Технолаб е единствена лабораторија во Македонија која е акредитирана за категоризација и карактеризација на отпад.

Напредокот на лабораторијата е следен со континуирано зголемување на опсегот на акредитирани лабораториски методи и развој и воведување на нови методи во лабораторискат пракса.

Компетентен тим од инжинери со искуство во аналитичка и теренска лабораторија

Лабораторискиот тим на Технолаб го сочинуваат магистри по хемиски науки и инжинери со искуство и компетентност за вршење на лабораториски тестирања и теренски испитувања.

Едукативен тренинг центар

Обуки за стручно оспособување на стручните лица за БЗР согласно овластување од МТСП

Едукативниот центар на Технолаб спроведува стручни обуки од областа на БЗР

Обуки за управување и постапување со отпад

Стручните обуки за управување и постапување со отпад во едукативниот центар на Технолаб ги реализира тим од експерти со положен стручен испит за управување со отпад.

Обуки за имплементација на системи за квалитет

20 ГОДИНИ ТЕХНОЛАБ
ВРЕМЕПЛОВ

НОВОСТИ

КОНТАКТ И ЛОКАЦИЈА

ТЕХНОЛАБ е лоциран во општина Јане Сандански наспроти Трговскиот Центар Скопјанка.

Адреса:
Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 28/3 лок. 24 p.box 827, 1000 Скопје, Република Северна Македонија

Тел/факс: + 389 2 2448-058

моб: + 389 70 384 194

e-mail: tehnolab@tehnolab.com.mk
Веб: www.tehnolab.com.mk