Обука за безбедност и заштита при работа

Обуката за безбедност и заштита при работа е една од мерките со кои секој работодавач обезбедува безбедност и здравје при работа за своите вработени од секој аспект поврзан со работата и истата е задолжителна за сите вработени во една компанија.

Стручните лица за БЗР во Технолаб изведуваат обуки за безбедност при работа согласно соодветни програми за обука подготвени во зависност од специфичноста и карактеристиките на работните места на кои работат вработените во компанијата.